Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Државен натпревар по прва помош

2024-09-19

Државен натпревар по прва помош

👉На 21.9.2024 година во Ѓорче Петров- Скопје ќе се одржи Државен натпревар по прва помош чиј домаќин ќе биде Општинската организација на Црвен крст Карпош. Свеченото отворање на настанот ќе биде на бината во централниот дел во паркот Ѓорче Петров со почеток од 11:00 часот. На натпреварот ќе учествуваат 12 екипи од 12 општински организации на Црвен крст кои ги освоија првите 6 места од регионалните натпревари кои се случуваа во месец мај.

🩹Во рамки на делокругот на своите активности Црвениот крст на РСМ активно работи на подигање на свеста за значењето на првата помош, обезбедување на обуки и услуги за различни целни групи со цел да се подобри безбедноста и севкупното здравје на луѓето. Се залагаме за постојано подобрување на квалитетот на  програмите за прва помош, креирани согласно потребите на различни целни групи како деца на претшколска возраст, ученици од основните и средните училишта,  кандидати за возачи на моторни возила, лица одговорни за безбедноста и здравјето на работното место, лица со посебни потреби, итн. Црвениот крст на РСМ дава посебен придонес во промовирање на првата помош во образовните институции каде уште од најмлада возраст ги учиме и ги надградуваме компетенциите на младите како правилно да укажуваат прва помош.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025